Италијанската финансиска полиција соопшти дека разбила три нелегални центри за дистрибуција на телевизиска содржина во градот Кротоне , во регионот Калабрија, како дел од операцијата против дигитално пиратство пред Светското првенство во 2026 година, објави Ројтерс.
Операцијата резултираше со идентификување на четворица осомничени и запленување на средства во вредност од околу 650.000 евра. Властите велат дека мрежата продавала пиратски претплати, овозможувајќи пристап до платена содржина на платформи како што се Sky, DAZN, Netflix и Disney+.
Истрагата е дел од поширок напор за ограничување на нелегалната онлајн дистрибуција на телевизиска содржина пред првенството, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Според полицијата, нелегалните претплати чинеле помеѓу 10 и 40 евра и вклучувале услуга за корисници. Истражителите идентификувале најмалку 2.769 корисници на услугата.
Властите велат дека приходите од шемата биле реинвестирани во легалната економија и во криптовалути за да се прикрие нивното потекло.
Четворицата осомничени, сите италијански државјани, се под истрага за кршење на авторски права и перење пари за себе.
Корисниците на нелегални услуги може да се соочат и со санкции , а предвидените административни казни се движат од 154 до 5.000 евра , соопшти полицијата.




