дома Култура „Страв и надеж“ најдобра претстава на 60. „Војдан Чернодрински“, четири награди не...

„Страв и надеж“ најдобра претстава на 60. „Војдан Чернодрински“, четири награди не се доделени

„Страв и надеж“ на Македонскиот народен театар, во режија на Татјана Мандиќ – Ригонат е прогласена за најдобра претстава на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Наградата за најдобра режија ја доби Дејан Пројковски за „Црнила“ според Коле Чашуле, на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Од 15-те награди, четири не беа доделени – наградата за рекламен материјал, за кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и адаптација и наградата за современ драмски текст.

Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ годинава ја добива Јеткин Сезеир за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“, а за наградата за млада актерка ќе и биде врачена на Сара Спиркоска за улогата на Неда во претставата „Црнила“.

Наградата за женска епизодна улога и се доделува на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Марија, а наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ му се доделува на Александар Степанулески за улогата на Симон во претставата „Мачкина глава“.

Наградата за главна женска улога и се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата на Констанца во претставата „Амадеус“, а наградата за главна машка улога „Кирил Ристоски“ му се доделува на Димитар Ѓорѓиевски за улогата на Фезлиев во претставата „Црнила“.

Наградите на лауреатите ќе им бидат врачени вечерва во 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Точно во 20 часот, во нивна чест ќе настапи Београдско драмско позориште со претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ.

 

 

 

 

ПредходнаМицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија
СледнаСпасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста