дома Локално Град Скопје: Започна преуредувањето на паркот „Македонија“

Град Скопје: Започна преуредувањето на паркот „Македонија“

Град Скопје ги продолжи активностите за уредување и подобрување на јавните зелени површини, со фокус на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во општина Карпош.

Во рамките на оваа офанзива, на терен е започнато уредувањето на овој простор кој важи за еден од најпосетуваните и најубави паркови во главниот град.

На локацијата веќе се поставува нова урбана опрема, што вклучува замена и монтирање на нови клупи и корпи за отпадоци.

Исто така, градежните екипи вршат целосно уредување и санација на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани.

Од градската администрација посочуваат дека целта на проектот е да се подобрат условите за престој, рекреација и одмор на посетителите, но и да се зачува уредениот изглед.

 

Град Скопје истакнува дека парковите се важен дел од урбаното живеење каде семејствата поминуваат квалитетно време, а повозрасните наоѓаат мир.

Поради тоа, надлежните служби редовно ги одржуваат зелените површини под нивна ингеренција за тие да бидат чисти, безбедни и функционални.

Паралелно со уредувањето, упатен е и официјален апел до граѓаните за одговорно користење и зачувување на парковите и јавните површини.

Како дел од долгорочните програмски определби, најавена е и изградба на нови паркови и дополнителни зелени зони низ сите скопски општини.

 

ПредходнаТурските бизнисмени заинтересирани за инвестирање, политичките односи да се преточат во посилна економска соработка
СледнаПроект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути