дома Македонија Економија Ќе се гради автопатот Скопје – Блаце, избран конзорциум предводен од Гранит

Ќе се гради автопатот Скопје – Блаце, избран конзорциум предводен од Гранит

Автопатот Скопје – Блаце ќе го гради конзорциум предводен од домашната компанија Гранит. Планирано е да се изгради за три ипол години.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја сподели веста, вели дека ова е сигнал за целиот градежен сектор во земјава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти.

Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти што претставува голем инженерски потфат. Очекувам да го изградиме за три и пол години, вели Николоски.

Со автопатот Скопје – Блаце, земјава се поврзува автопатски со Косово.

– Овој Коридор е исклучително значен зашто Македонија ја поврзува со Косово и со Црна Гора, на дневна основа многу патници поминуваат по него, а со поврзувањето и со Косово и со Црна Гора се отвора уште едно пристаниште за македонскиот бизнис, за македонското стопанство, тоа е пристаништето во Бар.  Драго ми е што во соработка со Европската банка за обнова и развој успеавме да го завршиме овој процес, да избереме изведувач кој што сега треба да почне да работи на терен, изјави Николоски. 

ПредходнаМиа Калифа: Денес сум Босанка
СледнаСлучаен минувач спасил возрасен маж кој се давел во Вардар