дома Македонија Политика Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во Македонија во рамките на редовната обиколка...

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во Македонија во рамките на редовната обиколка на регионот

Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.

Тоа, како што рече, е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава.

-Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и беше претседателот на Европскиот совет тука во Скопје, се тоа за само два месеца. Сега ќе дојде и комесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос на редовна обиколка на регионот, прецизира Мицкоски.

 

ПредходнаКафез на UFC пред Белата куќа: Трамп го прослави 80-тиот роденден со борби и 4.000 гледачи
СледнаВиди си го хороскопот.Добра вест е!