дома Свет Украина го нападна руското пристаниште Темрјук, едно лице загина

Украина го нападна руското пристаниште Темрјук, едно лице загина

Напад со украински беспилотен авион предизвика пожар на терминал во јужното руско пристаниште Темрјук, во Краснодарскиот крај, при што загина најмалку едно лице, изјави гувернерот Венијамин Кондратјев , објави Ројтерс.

Покрај тоа, Киев погоди и индустриска зона во округот Котово во Волгоградската област, каде што исто така избувна пожар, според гувернерот Андреј Бочаров.

Бочаров не откри детали за штетата, ниту пак ги идентификуваше погодените објекти.

Украинската војска подоцна објави дека нападнала објект за преработка и пумпање нафта во близина на селото Котово во Волгоградската област, предизвикувајќи пожар.

Генералштабот објасни дека објектот преработува, транспортира и пумпа нафта преку цевководи до руските рафинерии за нафта и нејзината извозна инфраструктура.

ПредходнаЗеленски: Украина ги прави најголемите жртви за Европа
СледнаАхмети: Нема да бидам претседател, ќе станам ветеран