Граѓаните трет ден не можат да ги скенираат сметките. Не работи апликацијата „МојДДВ“. Наместо скенирани сметки граѓаните добиваат известување дека нема конекција.

Од Управата за јавни приходи со кратка информација дека е технички проблем на чие отстранување се работи.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека честопати за време на викендите не можат да го скенираат сметките.




