Сончевото време продолжува и денеска и утре. Веќе во вторник наместа, а во среда на повеќе места се најавуваат врнежи од дожд со засилен ветер и грмежи.
За денес синоптичарите најавуваат утрински температури од 7 до 17 и дневни од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степенa.
Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.




