дома Македонија Политика Владиниот Центар за сајбер безбедност стана полноправна членка на FIRST

Владиниот Центар за сајбер безбедност стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за сајбер безбедност е примен во глобалната мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, објави министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски 

„Убави вести денеска од САД – силна потврда за напредокот на Македонија во кибер безбедноста. Владиниот Центар за одговор на кибер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, објави на Фејсбук министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

 Особено е важно, додаде министерот, дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за кибер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ.“

ПредходнаЏ.Д. Венс: Ќе разговарам со сопругата за кандидирањето за претседател во 2028 година.
СледнаНови правила на македонските патарини