дома Македонија Мицкоски на 9 октомври повикан на суд по тужбата на Ленче Ристоска

Мицкоски на 9 октомври повикан на суд по тужбата на Ленче Ристоска

На 9 октомври премиерот Христијан Мицкоски ќе треба да биде сослушан како странка во постапката по тужбата за клевета и навреда против владејачката ВМРО-ДПМНЕ што ја поднесе поранешната јавна обвинителка Ленче Ристоска.
Ленче Ристоска            На денешното подготвително рочиште, судијката Љубица Колиќ донесе одлука да му биде испратена покана на Мицкоски како законски застапник на партијата.
Ристоска бара надомест за нематеријална штета од 300 илјади денари, 150 илјади денари за навреда и исто толку за клевета за тоа што владејачката ВМРО-ДПМНЕ во соопштение ја нарече Ристоска „испостава на СДС и ДУИ“, „човек без отсуство на срам“.

ПредходнаМицкоски: Македонија мора да забрзува
СледнаБи се задржал на содржината, вели Мицкоски за реконструкцијата