„Ниту случајно (не планирам да бегам). Уцвикаа тие од мене и мојот рејтинг и дека ќе изгубат во Карпош. Анкетите покажуваат дека ВМРО е паднато на 6000 гласови во Карпош“, вели екс-градоначалникот
Екс-градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски им порачува на критичарите и обвинувањата дека „е маж“ и дека „нашле погрешен човек што користат термин уцвика“. По однос на најавената затворска казна и упатниот акт за во затворот „Шутка“, Јакимовски порачува дека нема да тргне по стапките на екс-премиерот Никола Груевски и додава дека има лекување кое е започнато во 2012 година. Информира за здравствените проблеми што ги има и редовните контроли за карциномот.
-Јас сум опериран од карцином на бели дробови и во декември треба да одам на контрола во Виена. Ако имам направено кривично дело и сум направил штета на буџетот и граѓаните, ќе се извинам на граѓаните и ќе замолам за пониска казна, ако не – ќе си одлежам казната. Од гроб не се враќа, од затвор се враќа. Ниту случајно (не планирам да бегам). Уцвикаа тие од мене и мојот рејтинг и дека ќе изгубат во Карпош. Анкетите покажуваат дека ВМРО е паднато на 6000 гласови во Карпош. Цвикањето е нивно од евентуаални нови локални избори во Карпош, рече Јакимовски во емисијата „Во центар со Васко Ефтов“.





