дома Македонија Политика Јакимовски не планира да тргне по стапките на Груевски поради затворската казна

Јакимовски не планира да тргне по стапките на Груевски поради затворската казна

„Ниту случајно (не планирам да бегам). Уцвикаа тие од мене и мојот рејтинг и дека ќе изгубат во Карпош. Анкетите покажуваат дека ВМРО е паднато на 6000 гласови во Карпош“, вели екс-градоначалникот

Екс-градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски им порачува на критичарите и обвинувањата дека „е маж“ и дека „нашле погрешен човек што користат термин уцвика“. По однос на најавената затворска казна и упатниот акт за во затворот „Шутка“, Јакимовски порачува дека нема да тргне по стапките на екс-премиерот Никола Груевски и додава дека има лекување кое е започнато во 2012 година. Информира за здравствените проблеми што ги има и редовните контроли за карциномот.

-Јас сум опериран од карцином на бели дробови и во декември треба да одам на контрола во Виена. Ако имам направено кривично дело и сум направил штета на буџетот и граѓаните, ќе се извинам на граѓаните и ќе замолам за пониска казна, ако не – ќе си одлежам казната. Од гроб не се враќа, од затвор се враќа. Ниту случајно (не планирам да бегам). Уцвикаа тие од мене и мојот рејтинг и дека ќе изгубат во Карпош. Анкетите покажуваат дека ВМРО  е паднато на 6000 гласови во Карпош. Цвикањето е нивно од евентуаални нови локални избори во Карпош, рече Јакимовски во емисијата „Во центар со Васко Ефтов“.

ПредходнаНова авиолинија од јули: Од Анкара до Скопје ќе се лета без субвенции, договорено и железничко карго поврзување
СледнаКовачки: „Македонија забрзува, наша обврска“ – на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ