дома Македонија Економија По ЕЦБ и Народна банка ја зголемува основната каматна стапка

По ЕЦБ и Народна банка ја зголемува основната каматна стапка

Народната банка ја затегнува монетарната политика. По подолго време, денеска Извршниот одбор на банката донесе одлука да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени.
Ваквата одлука, објаснуваат оттаму, е донесена врз основа на најновите податоци и информации за ефектите од случувањата на глобално ниво врз домашната економија.
Гувернерот Трајко Славески денеска на прес-конференција соопшти дека од почетокот на годината била забележана поголема побарувачка на девизи од страна на корпоративниот сектор, но дека веќе од почетокот на мај се бележи стабилизација.
– Сепак, економските последици од геополитичките случувања се присутни, а неизвесноста околу темпото на целосната стабилизација на тековите и понатаму создава ризици. Опстојуваат и притисоците врз инфлацијата.
Имено, во мај годишната стапка на инфлација забави во согласност со очекувањата, но таа и натаму е на повисоко ниво и укажува на продолжена инфлација и побавно враќање кон историскиот просек. Истовремено, и дел од домашните фактори коишто влијаат врз побарувачката и инфлацијата уште повеќе ја нагласуваат потребата од претпазливост при водењето на монетарната политика, посочува централната банка.

Најновата одлука на Народната банка е очекувана со оглед на тоа што Европската централна банка на последниот состанок ги зголеми каматните стапки за 0,25 п.п.

ПредходнаОбвинителството треба да излезе со информација за палењето на возилата пред Бугарската амбасада
СледнаБебе оставено на клупа во Скопје