Бебе старо седум до осум месеци било оставено на клупа. Го пронашол скопајнец кој случајот го пријавил во полиција.
Бебето е пронајдено во парк на подрачјето на Шуто Оризари и однесено во комплексот клиники Мајка тереза каде е коснтатирано дека е во добра здравствена состојба.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на разговор биле повикани неколку лица.
– По преземени мерки, во полициското одделение – Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот, информира МВР.
За настанот известен бил јавен обвинител.




