дома Македонија Економија Исплатени субвенциите за тутунот

Исплатени субвенциите за тутунот

Почна исплатата на субвенциите за тутун. Министерството за финансии соопшти дека исплатени се 2.028.714.243 денари за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година.
Парите треба да ги примат 15.144 тутунопроизводители.
Исплатата на субвенциите вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиуми, Мицкоски рече дека кога ја презеле власта, исплаќале заостанати субвенции од 2021 година, а за неполни две години веќе се исплаќаат тековните субвенции за 2025 година.

– Ако се собере вкупниот број исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада за две години има исплатено речиси 15 милијарди денари, што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки, рече Мицкоски.

Предходна„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад
СледнаРуски уметник познат по исмејувањето на Путин убиен во Полска