дома Магазин Претставата „Страв и надеж“ на сцената на МНТ

Претставата „Страв и надеж“ на сцената на МНТ

  На сцената на Македонскиот народен театар вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот опус на Франц Ксавер Крец.

Претставата „Страв и надеж“ на сцената на МНТДелото, иако тематски се надоврзува на Орвеловата „1984“, е сместено во современ контекст, отсликувајќи го светот на денешницата обележан со конфликти, егзистенцијална несигурност и ерозија на хуманистичките вредности.

Претставата е составена од петнаесет сцени што ги прикажуваат пресудните мигови од животот на ликовите, исполнети со страв, осаменост, љубов и внатрешни судири. Низ жанровски разновидни ситуации, од хумор до трагедија, се отвораат прашања за човековата ранливост и опстанокот во современото општество.

Во актерската екипа настапуваат Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Музичкиот дел го реализираат Зоран Станишиќ како корепетитор и пијано, Стефан Котевски како музички координатор и виолинист, Никола Соколовски на кларинет и Милена Наумовска на кахон

ПредходнаЕУ започнува со спроведување на првата фаза од забраната за увоз на руски гас преку цевководи