дома Свет Балкан Радев не гледа причина за средба со Мицкоски

Радев не гледа причина за средба со Мицкоски

Бугарскиот премиер Румен Радев не гледа причина за средба со премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за бугарските медиуми, Радев вели дека проблемот повеќе не е билатерален, туку прашање меѓу Македонија и Европската унија.
           – Северна Македонија мора да ја убеди Европската унија дека ги почитува човековите права и дека може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски мисии на нејзина територија. Додека нема јасно утврдени принципи на владеење на правото, додека нема последици за сторителите на вакви недостојни дела, не може да има напредок, изјави Радев, коментирајќи го палењето на дипломатските возила пред Бугарската амбасада.
Радев повторно дека Бугарија инсистира на исполнување на преземените обврски.

ПредходнаПретреси на неколку локации за финансиски малверзации во ФФМ
СледнаРадев се разоткрива. Тој не гледал причина за средба со македонскиот премиер Мицковски(ДПЛ)