дома Локално Центар згрижи 116 деца до 10 години како поддршка за родителите

Центар згрижи 116 деца до 10 години како поддршка за родителите

Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот.

– Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни установи, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Згрижени се 116 деца во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, каде го поминуваат времето во безбедна средина, преку разни активности прилагодени на нивната возраст.

ПредходнаОружје и муниција во домот на охриѓанец
СледнаМакедонскиот рубин официјално заштитен