Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа негира дека Цементарницата УСЈЕ ќе добие дозвола по стари правила.
– По барање на МЖСПП, УСЈЕ уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа вечерва за телевизија Телма.
–
Според Хоџа, институционалниот рок за увид во барањето за дозвола за УСЈЕ сè уште тече.
– Барањето за дозвола беше јавно објавено на 22 мај на веб-страницата на Министерството и уредно доставено до Општина Кисела Вода и Град Скопје. Законскиот рок за поднесување забелешки трае до 22 јуни. Во првата недела од јули ќе се одржи јавна расправа на територијата на Општина Кисела Вода, каде што е лоцирана фабриката. Заради целосна транспарентност, Министерството јавно ќе го објави целиот записник, вели Хоџа. Од граѓанската иницијатива Стоп за УЈСЕ велат дека Цементарница бара продолжување на дозволата за работа според старите правила. Најавија прес конференција во вторник пред Министетството за животна средина.




