дома Македонија Притвор за осум лица бара Обвинителството за случајот ФФМ

Притвор за осум лица бара Обвинителството за случајот ФФМ

Притвор за осум лица и мерки за претпазливост за четири лица бара Обвинителството по акцијата за проневера на повеќе од 180 милиони денари во ФФМ.
Обвинителот Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени вчерашната акција како успешна. Сите 12 приведени лица меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски се изведени пред судија на претходна постапка. Недостапни за прогонот се пет лица кои не биле најдени во нивните домови.
– Според информациите со кои располагаме, сметаме дека некои од нив се во блиското опкружување. Сметаме дека многу брги би можело да се појават пред органите на прогонот и да ја кажат својата теорија и став во однос на она што се води како истрага, рече Азизи.
Со вчерашната акција опфатени се вкупно 18 лица меѓу кои двајца поранешни претседатели на ФФМ, раководителка на сектор за финансии, како и неколку фирми и одговорните лица во нив.

ПредходнаНа распит приведените од акцијата за ФФМ, се очекува одлука на судот
СледнаНаучници: Зависноста од вештачката интелигенција го ослабува критичкото размислување и независното расудување