дома Македонија Почнуваат разговорите за реконструкцијата, Владата бара трпение за детали

Почнуваат разговорите за реконструкцијата, Владата бара трпение за детали

Почнуваат разговорите за најавената владина реконструкција. Од Владата брифираат дека во текот на денешниот и утрешниот ден предвидени се средби со коалициските партнери Влен и Знам.
         Од Владата посочуваат дека разговорите се во рана фаза и дека дополнителни детали не се соопштуваат поради тоа што процесот бара сериозен и одговорен пристап.
Премиерот Христијан Мицкоски во изјави дадени претходно рече дека фокусот на реконструкцијата ќе биде пред се на содржината, а не на големината.
На роденденот на партијата во Струмица, Мицкоски испрати порака дека ги следи состојбите и дека нема да толерира привилегии. – На некои функционери фотелјата им станала помила од контактот со народот, рече Мицкоски.

ПредходнаПочина еден од обвинетите во Пулс
СледнаПритвор за Илчо Ѓорѓиевски и уште двајца, пет во куќен притвор