Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница излезе со информација дека соседна земја шири теза Европската унија да и ги скрати сите фондови на Македонија за да бидеме принудени да ги прифатиме сите барања.
– Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македониј, да и се скратат сите фондови, зашто ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморена да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа што се бара од нив, рече Мицкоски.
Опасно, според Мицкоски, е тоа што оваа теза ја шири и опозицијата во земјава.
– А факт е дека оваа Влада ги сервисира сите обврски преземени од претходната влада. Не се чека ни ден, ни милиметар во која било област, дали е тоа Министерството за внатрешни воени работи, дали е тоа во одбраната или е тоа по некоја основа во другите ресори. Во Министерството за транспорт сега ги префрливме проектот за Коридорот 8 и 10Д, во Јавното претпријатие за државни патишта, железницата од коридорот 8 итн. Вклучително и оние обврски, како солидарниот данок, обврски коишто беа од претходната влада на начин на којшто јавноста следеше, практично се одземаа пари од компаниите, иако тврдевме дека е неуставно, дека ќе имаме проблем и тоа ние го враќаме, рече Мицкоски.




