Клиниката за урологија денеска претстави нов дијагностички метод преку кој се откриваат микроскопски траги на тумор во крвта. Од клиниката велат дека тестот не претставува дијагноза сам по себе, н дека е важна аатка во попрецизно следење на пациентите.

Методот наречен цтДНК (циркулирачка туморска ДНК), дава особено значајни резултати кај пациенти со карцином на мочниот меур и овозможува откривање на траги од тумор дури и во случаи која компјутерската томографија и магнетната резонанца не покажуваат никакви промени.
– Особено значајни резултати се покажуваат кај пациентите со карцином на мочниот меур, каде што раното откривање на ризикот од рецидив може да придонесе за подобар исход од лекувањето. Тестот не поставува дијагноза сам по себе, но претставува важна алатка за попрецизно и персонализирано следење на пациентите,се вели во објавата на Клиниката.




