Претпладне сончево и доста топло, а попладне изолирана појава на дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат синоптичарите за денес.

Управата за хидрометеоролошки работи вели дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.
Во делови од Скопската котлина се најавува краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.




