дома Магазин По кратко боледување вечерва почина Владо Јаневски

По кратко боледување вечерва почина Владо Јаневски

На 66-годишна возраст по кратко боледување вечерва почина македонскиот пејач и композитор Владо Јаневски.

Јаневски важеше за еден од најпознатите кантавтори и поп пејачи. Зад себе остави шест студиски албуми и голем број хитови како „Дома си е дома“, „Ако не те сакам“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“ и „Еден бакнеж“.

Тој е првиот македонски претставник на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“.

Роден е во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и литература. Во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“.

ПредходнаСали: Шест министерства добива Вреди