дома Македонија Филипче: 10.000 амадмани спремни, нема да дозволиме изборна кражба

Филипче: 10.000 амадмани спремни, нема да дозволиме изборна кражба

Опозициската СДСМ ќе поднесе 10.000 амандмани за Изборниот законик за кој попладнево Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка.
– Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни, напиша попладнево лидерот на СДСМ Венко Филипче објавувајќи фотографии од пратеничката група на СДСМ.
СДСМ, која се повлече од работната група за Изборниот законик, има забелешки на неколку точки кои според нив не се европски и демократски. Носењето на Изборниот законик, сметаат од СДСМ, е алиби на власта за исполнување на Реформската агенда, а всушност целта е да се направи контролиран систем на гласање на изборите.
Блокада најавија и од Левица чии претставници учествуваа во работната група, но тоа според претседателот на партијата Димитар Апасиев во никој случај не значи дека дале согласност за понудените решенија.
Како отворени прашања Апасиев ги посочи условите за независните канддати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, финансирањето на изборните кампањи и билбордите и воведувањето на една изборна единица.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека не се брза со носењето на Изборниот законик затоа што според нив за измените се разговарало четири месеци почнувајќи од март.
Бојкотот на СДСМ го оценија како алиби за изборниот дебакл на следните избори.

ПредходнаСобранието расправа за Изборниот законик, СДСМ и Левица најавија блокада