дома Македонија Политика Дефинирани новите владини министри

Дефинирани новите владини министри

 

Вечерва се завршуваат  шпекулациите кој што ќе биде во новата влада  на Мицковски и кој од коалицијата кое министерство ќе го раководи.

Според извори од Владата, kako што дознава Проверено, договорено е нов министер за здравство да биде  Сашо Клековски.

Додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски.

Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински.

Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ.

Нови министри ќе добијат министерствата за правда, министерството за култура и туризам, и министерството за односи меѓу заедниците каде ќе отидат кадри од Вреди, додека министер во министерството за земјоделиев, водостопанство и шумарство ќе  го води Борче Серафимовски , кој е актуелен државен секретар министерството.

Според информациите, со Министерството за правда ќе раководи универзитетскиот професор Јетон Шасивари, а со Министерството за култура Седат Сулејмани, кој досега ја извршуваше функцијата заменик-министер. Беким Сали останува министер за европски прашања.

Останатите министерски позиции се непрoменети.

Најново е што се укинува министерството за добро владеење, што е намалување на министерските односно вицепремиерски позиции.

Формализирање на политичкиот договор на лидерите се очекува прво преку одлуки на надлежните партиски тела. Потоа ќе биде доставен предлогот од премиерот до Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува седница на Извршниот комитет.

ПредходнаСДСМ: Кога нема резултати, се бркаат политички противници
СледнаМицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа