Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски апелира до советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ја тргнат настрана политичката определба и да дадат поддршка за вработувањата на хигиеничари, технички персонал и дефектолози во основните училишта.
– Повеќе од четири години функционираме во интерес на граѓаните, без разлика на политичката припадност, и моја цврста заложба е така да продолжиме и во следните три години. Училиштата имаат реална потреба од дополнителен кадар. Ова не е политичко прашање, туку прашање што директно се однесува на условите во кои учат и растат децата и бара итно и сериозно решение. За жал, на оваа седница советниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека политиката ја ставаат пред интересите на училиштата и учениците, со блокирање на решенија што се исклучиво во корист на децата, напиша Герасимовски на Фејсбук.
Не смееме да дозволиме партиските штабови да влијаат врз одлуките во Советот, ниту да се профитира политички на вакви теми, порачува Герасимовски.




