дома Македонија Јакимовски на 2 јули нема да оди во затвор, судија ја проверува...

Јакимовски на 2 јули нема да оди во затвор, судија ја проверува медицинската документација

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на 2 јули нема да се јави во затвор затоа што по неговото барање за одлагање на казната од медицински причини, судијата за извршување на санкции има рок од 30 дена да ги провери наводите и да донесе одлука.
         Од Кривичниот суд денеска информираа дека по приемот на барањето, судија за извршување санкции пристапил кон проверка на приложената медицинска документација и побаран е одговор од двете приватни здравствени установи кои ја издале медицинската документација.
– Согласно член 144 од Законот за извршување на санкции, судија за извршување на санкции има рок од 30 дена, од приемот на барањето, да ги провери наведените околности во барањето и да донесе одлука. До донесување на одлуката, почетокот на извршување на казната се одлага, стои во појаснувањето од Кривичниот суд.
Јакимовски на 2 јули требаше да се јави во затвор за издржување на казната. Тој е осуден на една година затвор за кривично дело бесправно градење.

ПредходнаНов пожар кај Визбегово, густ црн чад повторно се шири над Скопје
СледнаПрофесорка заврши зад решетки, барала 300 евра од студент за да полага