дома Локално Најмногу дожд во Црешево и Гази Баба

Најмногу дожд во Црешево и Гази Баба

Управата за хидрометеоролошки работи вечерва излезе со информација каде наврнало најмногу дожд. Според јавно објавените инфромации, 74 литри на метар квадратен се наврнати во Црешево, а 44 литри во Гази Баба.

Во Крива Паланка наврнати се 29 литри на метар квадратен, а 22 литри во Берово. На Зајчев Рид и во Струмица наврнати се 18 литри на метар квадратен.

Од УХМР напоменуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но дека поради локалноста на процесите, можно е паднатата количина дожд да е многу поголема од измерената.

 

 

ПредходнаПо криминалниот напад, Мицотакис ги посети повредените сопартијци во Солун