дома Македонија Герасимовски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ

Герасимовски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ

Актуелниот градоначалник на Центар Горан Герасимовски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ. Веста ја соопшти претседателот на СДСМ Венко Филипче преку социјалните мрежи.

– СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ.
Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ, напиша Филипче на Фејсбук.

ПредходнаВозел со брзина двојно поголема од дозволената
СледнаМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите од Аеродром