дома Локално Претпладне топло, попладне локално невреме

Претпладне топло, попладне локално невреме

Променливо облачно време со сончеви периоди најавува за денес Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер над 60 km/h и можност за град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до 16-тиот степен, а максималната ќе се искачи до 30 степени.

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.

ПредходнаМицковски ја разјасни дилемата. Нема да биде претседател туку само премиер, се додека победува!
СледнаВИДЕО: Маж се самозапали пред седиштето на ОН во знак на протест за Тибет