дома Македонија Економија Поднесени 224 амандмани на ребалансот на Буџетот

Поднесени 224 амандмани на ребалансот на Буџетот

Почнува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Поднесени се 224 амандмани.
Вкупните приходи се ревидирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет.
Вкупните расходи се ревидирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари што е зголемување за околу 14,5 проценти.
Економски раст е проектиран на 3,5 проценти, инфлацијата на 4,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,1 процент.

ПредходнаСиена Милер на 44 години го роди третото дете и ја оствари најголемата желба
СледнаРашмор: Во подножјето на познатите претходници, Трамп ја отворa прославата по повод 250-годишнината од Соединетите Американски Држави