дома Македонија Петровска: Јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување

Петровска: Јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување

Моето учество во „Разговорите за Македонија“ не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување, напиша вечерва пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска која беше на промоцијата на новата политичка платформа „Разговорите за Македонија“.

Петровска во подолг статус на Фејсбук посочува дека секогаш била со СДСМ без разлика дали победува или губи. Вели дека јасно и гласно на конгресот на партијата порачала дека е потребна промена на партијата.

– На конгрес, пред присутните делегати јасно и гласно пратив порака дека мора да се менуваме, инаку ќе исчезнеме. Со слична порака го честитав и роденденот на партијата. Предложив ветинг на пратениците и раководството на партијата, нема одговор. Предложив промена на статутот заради враќање на моќта на одлучување кај членството, нема одговор. Останав СДСМ. Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ, пишува Петровска.

Фејсбук статусот го завршува со цитат од Еленор Рузвелт – Големите умови дискутираат за идеи; просечните умови разговараат за настани; малите умови разговараат за луѓето.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека неделава органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз ќе дискутираат за учеството на Петровска на настанот под името „Разговори за иднината“.
ПредходнаПожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден