Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар, а дизелот за два ипол денари, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 85,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87,5 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се точи по цена од 82,5 денари за литар.
За два денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 81,5 денари за литар, а Мазутот се намалува за 0,265 денари за килограм.
Премиерот Христијан Мицкоски повторно ја погоди новата цена на горивата. Тој вчера изјави дека очекува дизелот да поскапи за 2 до 2,5 денари, а бензините за околу еден денар.




