Машки труп вчера бил извлечен од водите на реката Пчиња кај Катлановска бања, информира денеска полицијата.
Телото било извлечено во 14:30 часот и по насока на јавен обвинител предадено во судска медицина за обдукција.
Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и расчистување на случајот.




