Пратениците од власта не дадоа поддршка на предлогот да се востановат две нови државни награди посветени на Блаже Конески и Ремзи Несими.
Предлогот на опозициската СДСМ не доби доволен број гласови на Комисијата за политички систем.
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ рече дека се работи за двајца истакнати културни дејци. Наградата „Блаже Конески“ би се додлеувала на 19 декември, а наградата „Ремзи Несини“ во втората половина на декември.
За да се обезбедат финансиски средства за двете награди, СДСМ има поднесено амандман на ребалансот на Буџетот.




