Невремето во Скопје принуди авион на „Визер“ од Базел да слета на приштинскиот аеродром наместо на аеродромот во Скопје.
Како што може да се забележи на веб страницата за следење летови „Флајт радар“, авионот неколкупати кружел над Скопје, но по неколкуте неуспешни обиди поради невремето бил пренасочен кон аеродромот во Приштина.


