дома Македонија Груевски ослободен од обвинението во Талир 2

Груевски ослободен од обвинението во Талир 2

Ослободителна пресуда доби поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ во кој беше обвинет за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

                 Одлуката денеска ја донесе Кривичниот суд. Пресудата е неправосилна и странките имаат право на жалба пред повисоките судови.

-Иако беа направени измени на обвинението промени во доказите и фактите изнесени пред судот немаше. Судот цени дека обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот Никола Груевски сторил пречекорување на службената должност, изјави судијката Даниела Алексовска.

Трошоците за судската постапка паѓаат на товар на Буџетот на РСМ, а Судот го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

ПредходнаМајките организираат нов протест под прозорците на Радев за повисоки надоместоци за мајчинство
СледнаСДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спаси Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО