Од денеска до следниот понеделник граѓаните ќе точат поскапи горива откако вчера Регулаторната комисија за енергетика одлучи драстично да ја зголеми цената на дизелот за 5,5 денари за литар и на бензините за 1,5 денари.

Скокот на цената на горивата е очекуван со оглед на тоа што цената на нафтата на светските берзи расте поради новите тензии на Блискиот исток. Поради новата ескалација на односите меѓу САД и Иран барел нафта вчера се продаваше по 79 долари.
Дали повторно ќе има намалување на ДДВ-то или на акцизата за горивата или пак ќе се воведат некои други мерки треба да одлучи Владата на седница која вообичаено се одржува секој вторник.




