За утре е најавена седница на Економско-социјалниот совет, но на неа, според точките на дневен ред, нема да се разговара за мерките за ублажување на ценовниот шок со храната и горивата. Сепак, според изјавата на заменик-министерот за економија Марјан Ристески, не е исклучено дневниот ред да биде дополнет.

– Од она што го видов како дневен ред, нема таква точка, меѓутоа не е исклучено. Секогаш Економско-социјалниот совет е отворен. Ако некој предложи таква точка, тогаш се гласа, се прифаќа и се дискутира за точката. Транспарентноста на Владата е на највисоко ниво. На секој Економско-социјален совет учествуваат најмалку четири министри, заменик-министри и секогаш е присутен премиерот, што не било случај претходно, изјави денеска Ристески.
Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од понедленикот, цената на дизелот скокна за 5,5 денари за литар, а на бензините за денар ипол.




