Кризната состојба во земјава ќе биде продолжена до 20 октомври, соопшти Владата со појансување дека тоа е направено за да се обезбеди континуитет во преземањето на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето со нафтени деривати или до ценовни шкови.

Одлуката е донесена на денешната владина седница и ќе биде доставена до Собранието.
Од Владата велат дека внимателно ги следат состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку има потреба ќе се носат продолжи соодветни мерки.




