По информациите дека зголемен број граѓани побарале лекарска помош во болницата во Гостивар, Обвинителството соопшти дека презема дејствија по поднесена пријава.
– По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење, информира денеска Обвинителството.
Според објавите на „Слободен печат“ дури 1.200 пациенти меѓу кои и деца со симптоми на дијареа, повраќање и температура побарале лекарска помош во изминатите денови.
Дел од медиумите јавија дека најверојатно имало незаконска интервенција во водоводната мрежа.




