Тапанарот и еден од основачите на бендот „Партибрејкерс“, Горан Булатовиќ Манза, почина на 67-годишна возраст, потврди бендот на својот официјален профил на Фејсбук.
– Последен поздрав до Манза, основачот на „Партибрејкерс“. Беше неповторлив. Еден од двајцата што влијаеја на моето растење. Ти благодарам за сè! Групата „Партибрејкерс“ – напишаа во објавата.
Белградската група „Партибрејкерс“ е основана во 1982 година од Зоран Костиќ Цане како вокалист, Горан Булатовиќ Манза како тапанар и Небојша Антон Антон и Љубиша Костадиновиќ како гитаристи.
Манза со „Партибрејкерс“ го сними нивниот истоименуван деби-албум од 1985 година, во кој беа вклучени песните „Хиљаду година“, „Она живи на брдо“, „Улични ходач“, „Вечерас“ и други, по што го напушта бендот.





