дома Македонија Забрана за конзумирање на водата за пиење во Гостивар, заразени голем број...

Забрана за конзумирање на водата за пиење во Гостивар, заразени голем број граѓани

Водата за пиење во Гостивар е забранета за пиење поради основано сомнение дека е загадена, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Вонредниот надзор покажал дека на главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение била поставена пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.
Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност.
– За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде времена забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораторското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност, велат од АХВ.
Во болницата во Гостивар изминатите денови голем број граѓани со симптоми на дијареа, повраќање и температура, побарале лекарска помош

ПредходнаПреку социјална мрежа ѝ средувал кредит: 44-годишна жена ја измамиле за 50.000 денари
СледнаРистоска контра Савески: Лично го известив ако ги повлече овластувањата ќе поднесам оставка