дома Македонија Економија Кризната состојба ќе биде продолжена до 20 октомври

Кризната состојба ќе биде продолжена до 20 октомври

Кризната состојба во земјава ќе биде продолжена до 20 октомври, соопшти Владата со појансување дека тоа е направено за да се обезбеди континуитет во преземањето на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето со нафтени деривати или до ценовни шкови.

– Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството, соопшти Владата.

Одлуката е донесена на денешната владина седница и ќе биде доставена до Собранието.

Од Владата велат дека внимателно ги следат состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку има потреба ќе се носат продолжи соодветни мерки.

ПредходнаКисела Вода доби нова спортска зона, прва ваква во населбата – Ново место за спорт и рекреација
СледнаОбвинителството се вклучи во случајот со зголемен број заболени во Гостивар