дома Македонија Ристоска контра Савески: Лично го известив ако ги повлече овластувањата ќе поднесам...

Ристоска контра Савески: Лично го известив ако ги повлече овластувањата ќе поднесам оставка

Поранешната обвинителка Ленче Ристоска контра државниот јавен обвинител. Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка, вели Ристоска во објава на Фејсбук.

          – Како обвинител за врски, согласно член 5 од Правилникот за предлагање и упатување на јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија во Европравда, по правило можев да постапувам по предмети регистрирани и во надлежност на Канцеларијата за врски, а по исклучок, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител, и по предмети по кои претходно сум постапувала. Предметот „Талир 2″ не е предмет во надлежност на Канцеларијата за врски — во него постапував токму по тој исклучок, врз основа на одлука на државниот јавен обвинител. Со повлекувањето на тоа овластување отпадна и правниот основ по кој постапував во овој предмет, појаснува Ристоска.

Оваа информација, вели Ристоска, му беше соопштена на обвинителот Савески лично од мене, на состанок пред да ја поднесам оставката.

– Лично го известив и дека доколку ги повлече овластувањата по предметите по кои постапувам, ќе следи мојата оставка, а ги објаснив и причините за таквата одлука. Така што, неспорно е дека мојата оставка беше моја одлука — но таа, меѓу другото, беше последица на одземањето на основот да ги работам предметите, нагласува Ристоска.

ПредходнаЗабрана за конзумирање на водата за пиење во Гостивар, заразени голем број граѓани
СледнаДоживотен затвор за Петар Станковски за убиството кое ја потресе Македонија