дома Македонија Мистеријата во Гостивар продолжува, засега нема прогласување епидемија, Мицкоски најавува одговорност

Мистеријата во Гостивар продолжува, засега нема прогласување епидемија, Мицкоски најавува одговорност

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има се додека не се утврди причината за големиот број заболени, вели новиот министер за здравство Сашо Клековски, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ќе има одговорност за оној што дал наредба тоа да се случи.
Министерот Клековски денеска беше во посета на Болницата во Гостивар од каде изјави дека работа на епидемиолозите е да утврдат која е причината за големиот број заболени. Според негово мислење, шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали.
             Ниту јас, ниту директорката на јавното претпријатие не сме некои што можеме да посочиме причинител. Има епидемиолози, тоа е работа на епидемиолозите. Има Центар за јавно здравје, има Институт за јавно здравје, мислам дека треба да се очекува нивна оценка. Можам неформално да коментирам дека шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали. Дополнително, ова трае веќе четири дена, така што за мене храната логички е исклучена како можен извор, изјави Клековски.
Бројот на пациенти, како што изјави, е ист како и изминатите денови. Клиничката слика кај сите пациенти е слична, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, а кај некои пациенти има и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување.
Премиерот Мицкоски ветува дека ќе има одговорност за случајот.
– Нема така да помине случајот. Навистина не можам да разберам некои луѓе како може така дрско и така несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како така лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават такви работи. За мене, ово е шокантно и просто за неверување, но, ќе има одговорност, рече Мицкоски.

ПредходнаПочина екс потпретседателот на Антикорупциска – Нури Бајрами
СледнаМицкоски со остра порака до судиите и обвинителите: Нема да молчам и нема да добијат ни денар повеќе