Собранието денеска треба да ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба во земјава до 20 октомври поради можноста за пореметување во снабдувањето со нафтени деривати.
Одлуката ја донесе Владата на седница минатата недела и ја препрати на усвојување во Собранието.

Денес нова одлука за цената на горивата треба да донесе Регулаторната комисија за енергетика која по се изгледа ќе биде во насока на ново зголемување откако минатата недела драстично го зголеми дизелот, додека бензините поскапеа за 1,5 денари.
Од друга страна, за денес е најавена средба на министерот за економија со производителите и дистрибутерите откако Пазарниот инспекторат утврдил дека набавните цени на храната и средствата за хигиена од мај лани до мај годинава пораснале во просек за 2,6 проценти, а продажните цени се зголемиле за 4,5 проценти.





