Министерството за внатрешни работи со објавување на видео официјално потврди дека се приведени директорката на Комуналец од Гостивар, шеф во Водовод и канализација и техничкиот директор на Комуналец.
– Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за прибирање докази во предистражна постапка, информира МВР.
Министерот за здравство Сашо Клековски на прес-конференција информираше дека досега лекарска помош побарале вкупно 3.100 лица.




